Баерн Минхен целосно заслужува да гледа како Баер наскоро ќе ја слави титулата во Бундеслигата. Ај што викендов загубија од дебитантот во Бундеслигата Хајденхајм и тоа со пресврт после водство од 0:2, уште толку се посрамотија со односот. При имиња во тимот како Милер, Кејн, Кимих, Гнабри, Горецка и останатите, само 18 годишниот Матис Тел покажа респект за поддршката на навивачите кои допатувале да ги бодрат. Другите образ ѓон. Ги тераше да се вратат, ама џабе, штикла фатија накај соблекувална.