Таг: матијас суле

Фудбалот не памети вакво нешто, Рома три пати промаши ист пенал

Преку 30 години гледаме фудбал, вакво нешто не сме виделе до сега. Рома во 2. коло од Лига Европа против Лил успеа да промаши три пенали, односно еден ист кој судијата два пати го понови поради прерано влегување на играчи во шеснаесетникот. И тоа пазете, два обиди имаше Артем Довбик и еден Матијас Суле. Јунак на мечот е се разбира е голманот Берке Озер, кој им ги фати сите три. Лил победи 0:1.

Велемајсторија на Суле, која соиграчите бараа да им ја објасни

Голчиштево не е од сега, ама ние сега го начекавме и мора да го споделиме. Се работи за Матијас Суле од Рома, кој за Аргентина У-23 направи потег за паметење. Малиот е 2003-та роден и допрва ќе прави бељи со топката.

Од Меси ли учеше вака да изведуваш слободен удар?

Рома ја доби Парма на гости 0:1 со посебна велемајсторија на Матијас Суле. Се работи за Аргентинецот Суле кој Рома лани го купи од Јуве за 28 милиони евра. Генерација 2003-та е. Го споредуваат со Ди Марија, а омилен играч му е Меси.