Мартин Хансен кој брани за Ден Хаг покажа колку е понекогаш важно голман да се најде во шеснаесетник. Тој го постигна најатрактивниот гол кој сме го виделе од играч кој игра на негова позиција и тоа во 95-та минута против актуелниот шампион ПСВ, во првото коло од новата сезона во Холандија.