Вимблдон е тениско шоу број 1 по сите основи. Кај имаме привилегија да гледаме како меле триото Федерер-Надал-Ѓоковиќ, а најмладиот од нив има 32 години, пазете што се случува на мечевите каде се натпреваруваат легенди. Французинот Мансур Барами одамна е пензиониран тенисер, ама кој би рекол. Губиш многу ако не го поканиш него на вакви ревијални средби.