Тешка ноќ за украинските фудбалерите, кои додека се бореа синоќа на терен, со мислите беа кај својот народ. Еден од нив беше украинскиот репрезентативец Руслан Малиновски.
Во ситуација и кога ги немаат стандардните Иличиќ и Ѕапата, Аталанта секогаш знае да извади силно оружје. Овој пат тоа беше Украинецот Руслан Малиновски кој влезе како џокер во второ и му испука бомба на Јувентус, кој се спаси од пораз во судиско.