Таг: мајкл олисе

Олисе е мајстор за евроголови, Донарума не мрдна

Франција и Италија ремизираа 1:1 во дербито на вечерта во Лига на нации. Мајкл Олисе е претплатен на мајсторски голови. По солото против Белгија, го матираше Донарума од слободен удар во 55 минута. 13 минути подоцна израмни Бастони.

Се запали баварската машинерија, 7:0 згазија, нови евроголови на Олисе

Тоа е Баерн Минхен. Во првите 3 кола постигнаа вкупно 7 гола, а синоќа на еден натпревар дадоа 7. Жртвата се вика Унион Берлин. Три комада на Олисе од кои нови два за издвојување после оние против Бодо Глимт, два на Кејн и по еден на Мусиала и Саибари.

Евроголот на Олисе и проектилот на Дејвис

Бодо Глимт издржа 0:0 на едно од најтешките гостувања, а тоа е Алијанц арената, но само во прво полувреме. Потоа им се случи потоп во вторите 45 минути, односно петарда. Мајкл Олисе го има погодокот на вечерта, иако и другиот не му е лош. Во атрактивната голеада се приклучува и Алфонсо Дејвис.

А да го тргнете интервјуво од интернет?

Изгледа ни требаат повеќе играчи како Мајкл Олисе, кои ќе покажат колку понекогаш знаат да бидат глупави новинарските прашања. А не е дека и тој се потруди многу. Муабетов после синоќешниот меч Баерн - Бодо Глимт 5:0 им е за заборав. Французинот беше двоен стрелец.

На Олисе не му е лошо

Францускиот репрезентативец Мајкл Олисе и член на Баерн Минхен, во доста фино летно постмундијалско издание.

Како функционира на тренинг триото Олисе, Дембеле, Мбапе?

Франција е многу моќна и опасна репрезентација која ита кон трето мундијалско финале во низа. Напаѓачкото трио уште на тренинг ќе ти го земе паметот, а не па кога судијата ќе означи старт. Погледнете ги што им направија.

Олисе за влакно не направи беља со Компани

Мајкл Олисе во епизодата кога играш фудбал пред зграда и за малку не си го скршил прозорот на комшијата.

Атрактивни голчишта на Олисе и Кејн на Селтик Парк

Тенко е со голови засега во Лига на шампиони, ама барем има што да се види. Баварците водат 0:2 на гости против Селтик, благодарение на бомбата на Олисе и волејот на Кејн. Квалитетни погодоци.

Олисе ја изора цела украинска одбрана со се голманот

Баерн Минхен го почасти Шахтјор Доњецк со 5 парчиња на гости. Мајкл Олисе даде еден од пенал и еден од игра. Без пардон им влезе во шеснаесетник и на крај го седна на земја голманот.