Таг: махер на колото

Махериште на годината за 60.000 евра со лудачки сингл

За да не мора да се мачите во конвертор, ние ќе ви олесниме. Уплата 10.000 евра, исплата 60.000 со гол во 90-та минута. Ако видите полудачки тикет, да ни го пратите.

Махериште на колото за 1,6 милиони денари

Кичевчанецот одбрал четири утакмици и ги уплатил два пати по 100че. Ај таа третата од Турција океј, ама како ли успеал да ги фати трите нули од Египет, Мароко и Словачка и тоа одиграни полувреме - крај на лудачки начин.

Махериште на колото типувал на Шериф, а добивката ја подигнал со количка за песок

Имаше еден твит дека само напушен може да тврди, дека дебитантот од Молдавија може да го победи Реал Мадрид во ЛШ и тоа на гости. Епа ете еден таков Босанец, со цигара в рака кој од возбуда ја држи наопаку.

Махериште на колото за милион денари

Торино - Лацио му ја даде X2 во 91-ва минута, а ПСЖ 2 со Т2 во 95-та. Дечко за колку да го пуштам? За 100че, ама два пати.

Махер на колото кој ги фатил и двете точен резултат

150 било коефициент да ги погодиш Хрватска - Шпанија и Швајцарија - Франција дека ќе завршат 3:3. Епа на некој му успеала таа будалаштина и со 5 евра им земал 106.875 евра. Тикетот е уплатен во Германија. Не е нормален.

Кире ја знаеше 1:2 и не ја уплатил

Се појавија многу махерски тикети после сензационалната гостинска победа на Македонија против Германија. Ама не видовме никој да ја погоди точен резултат. Кире ја кажа и тоа одма после петардата со Лихтенштајн.

Стружанец погоди точен резултат 2:5, коефициент 125

Puszcza Niepołomice vs Arka Gdynia. Ова не се чита, не па да се погоди, а се работи за меч од полски Куп на две екипи од втора лига. Не е лошо да се појде до Струга за да го запознаеме царов и да видиме што е муабетов со синглов. Или доволно е следниот пат да ни пише, ама пред да уплати.

Со еден удар два милиона во Спорт Лајф

Играч на “Sport Life” во Петровец – Скопје стана ДВОЕН милионер! Со еден феноменален тикет одигран два пати успеал и на двата тикета да се стекне со по еден милион денари. Е тоа се вика мајсторија, еве како…

Махериште на колото за 580.000 денари

Три нули е човек тешко да погоди, а не па вака дека ќе води некој на полувреме. Скоро 10 бона со 100че, секоја чест мајсторе.

Махериште на сезоната од Гостивар фати 100.000 евра

Одиграл 31 натпревар и ги уплатил два пати, за 230 и за 50 денари, а вкупен коефициент му е 25.614. Исплата 6 милиони денари. П-о-п-а-р-а.

Велемајстор на колото со четири точни резултати

Да фатиш три ВАКВИ утакмици од ФА Куп со ТОЧЕН РЕЗУЛТАТ, па уште и Леванте треба да си мрднат. Инаку Барнсли го даде голот за 2:0 во 95-та минута од пенал. Гаси нетот од штекер.

Махериште на колото за 1,2 милиони денари

Е ова е махер. Кога со 50 денари ќе фатиш 20 утакмици и ќе ги заколиш 20.000 евра. 3+ ставил четири пара, а другите му се фиксови. Браво друже.

Махериште на колото за 4.000 евра

Поголемиот дел од овие парови ние не знаеме во билтен да ги најдеме, а царов ги врзал 16 такви и со 30 денари ги одрал предпразнично. Како беше тоа, за добра свиња нема лоша помија.

Махериште на колото за 80.000 евра

Одамна не пукнал некој ваков тикет, а за овој да биде двојно поголем уплатен е два пати. Царот одиграл 17 пара: кец, двојка, гол - гол и 3+. 16 се одиграле во неделата која требал да ја преспие за во понеделникот да ја чека уште Виљареал кец за добивка. 5 милиони денари фатил (81.300 евра) и со данок 4,2 му исплатиле или 68.000 евра.

Со голот на Сити во 95-та, Пештанец ги одра 750.000 денари

Ден понеделник кога едвај има 20 утакмици во билтен. Бираш пет и убеден дека ќе излезат лупаш 500че на шалтер. На Вулверхемптон - Сити чекаш гол за добивка, семафорот покажува 4 минути продолежнија, но се игра и петта. Габриел Жезус влегува во шеснаесетник за конечни 1:3 и ти ја вади цела летна сезона.