Центарфорот на Баер Леверкузен Лукас Аларио го има најнеспортскиот потег на сезоната во Бундеслига, откако на мечот против Шалке на гости направи голема глупост. Во 57' минута Чан Боздоган лежеше на трева, па негов соиграч од Шалке ја исфрли топката во аут. Кога продолжи играта Аларио се изглупира и злоупотреби едно непишано правило.