Таг: летна лига

Хаос на меч од летна НБА лига

Пред крајот на дуелот меѓу Сакраменто Кингс и Далас Маверикс во рамките на НБА летната лига која се игра како подготовка за новата сезона, физички се судрија Еуџен Оморуји и Чајмези Мету. Првиов го турна вториот во еден скок, па овој најде начин да му врати. И двајцата беа исклучени од игра.

Нема потреба да скока, висок е 2.31

Тако Фол има 23 години, а висок е 2.31. Во летната лига игра за Бостон Селтикс каде ќе се обиде да добие договор. На последната средба против Кавс дал 9 коша имал 3 скока и 1 блокада за 11 минути.