Таг: легија

Бод за Тричко, Ливерпул никако да победи

Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски со одлична асистенција го пронајде Микал Кухарчик кој ги постави конечните 1:1 против Клуб Бриж. Наполи, Брага и Рапид Виена врзаа три од три во своите групи во ЛЕ, а Ливерпул ниту со 31 удар кон гол не успеа да го совлада Рубин Казан.

Наполи ја освои Варшава, еден час игра за Тричковски

Виљареал, Лацио, Фиорентина и Шалке ги оправдаа фаворитските улоги во второто коло од ЛЕ. Борусија Дортмунд и Ливерпул освоија само по бод, а Партизан го изненади Аугсбург на гости со 1:3.