Таг: ледли кинг

На кој начин падна третиот најбрз гол во историјата на Премиер

Го даде Кристијан Ериксен синоќа на големото дерби Тотенхем - Манчестер Јунајтед за 1:0, уште во 11-та секунда. Тоа е трет најбрз гол на сите времиња во Премиер лигата, а најбрз гол сезонава.

Најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата

Ледли Кинг ја мина цела кариера во Тотенхем од 1999-та до 2012-та. Кога на денешен ден пред точно 15 години отпатува на гостување во Брадфорд, на 20 годишниот играч се гледало како на млад и талентиран дефанзивец. Но тој во еден момент влета во напад и го постигна најбрзиот гол во Премиер лигата, остварен за 10 секунди.