Во баварски замок во Минхен постои библиотека со висок таван и специфичен книшки мирис, каде е сместена една од најголемите збирки латински текстови на светот. Група истражувачи тука пишуваат нешто што би требало да биде најдеталниот речник на овој јазик до сега.
Кога светските телевизиски станици го пренесуваа изборот и инаугурацијата на новиот папа, главни фраер(к)и беа оние кои знаат латински. Освен во вакви моменти, овој јазик се води како „мртов", како некорисен и неупотреблив. Но дали е навистина така?