Таг: ламин јамал

Србите наскоро играат против европскиот првак, а имаат и надеж

Раштиманата Србија за која српските медиуми најново пишуваат дека ја напуштил капитенот Тадиќ, ќе се усреќи за едно месец и половина. На 5 септември во Белград и гостува Шпанија во рамките на новата сезона од Лига на нации. Да го повториме вториот дел од насловот.

Ламин Јамал го има голот број 1 на ЕП 2024

УЕФА ја состави листата на топ 10 голови на Европското првенство. На првата позиција е ремек делото на тинејџерот на Шпанија, кој блесна во полуфиналето против Франција.

Јамал со танц се појави на бина

Ламин Јамал имаше летен распуст како ниту едно друго дете на планетава. На 16 години стана европски првак со својата земја, даде гол и стана еден од петмината во историјата со 4 асистенции на едно ЕП. Во меѓувреме, на 13 јули наполни 17 години. Поигра малку за време на славјето, а Мората побарал од публиката да му ја честитаат матурата.

Гледајте го на 12 години што им правел

Лудо е да го гледаш ова видео на Ламин Јамал и тој негов детски лик и да мислиш дека четири години подоцна, ќе биде стартер во полуфинале на ЕП, па уште и ќе го реши против една Франција.

Како нема да плачат неговите, па 16 години има

Ламин Јамал е дефинитивно посебна приказна, која се очекува да се развива како врвен фудбалски роман. Откако гледаме фудбал, не паметиме дека друго дете на 16 години има дадено вакво дрско голчиште вредно финале и тоа против двократен светски и европски првак, каде игра во моментов најјакиот играч во светот кој направи трансфер во Реал Мадрид. Кој знае каква е емоција е ова за родителите.

Аголот од кој личи дека голот на Јамал е регуларен

Реал Мадрид ја совлада Барселона со 3:2 со гол во 91-ва минута и со тоа речиси ја потврди шампионската титула. Убаво дерби, со многу шанси, голови и отворен фудбал, ама и со нова по кој знае кој пат скандалозна одлука во шпанскиот фудбал.

Две големи утки на Јамал, кобни за елиминација на Барса

По елиминацијата на Реал во осминафинале и Барселона ја завршува сезоната во Копа дел Реј. Каталонците загубија 4:2 во продолженијата од Атлетик Билбао, а во регуларниот дел при резултат 2:2, 16 годишниот Ламин Јамал имаше две чисти шанси за да го однесе својот тим во полуфинале. Во вториот обид празен гол промаши.

2007-ма роден, а веќе ги работи во ЛШ по двајца

Меѓу децата од Ла Масија кои Чави ги пушта во оган, обрнете внимание на Ламин Јамал, кој во јули летово наполни 16 години, а минатата сезона доби привилегија да заигра за првиот тим на Барселона со 15 години, 9 месеци и 16 дена, најмлад во историјата на клубот. Погледнете го како самоуверено работи доле со топка.