Кој има добра меморија ќе се сети како Лилиан Турам направи слалом од гол на гол на мечот Победа - Парма, кој се одигра во Скопје на 14 септември 2000-та. Не ја даде Турам, а ниту синоќа Зума против Ајакс, ама битна е желбата. Лампард со симпатичен осмех, демек леле леле што ќе беше ова ако влезеше.