Второлигашот Лозана го декласираше прволигашот Ксамакс со 6:0 во швајцарскиот Куп. Еден од головите, четвртиот за домашниот тим во првото полувреме го даде Хрватот Стјепан Кукурузовиќ. И тоа не обичен гол, туку голчиште од 60 метри.
Бастиен Тома од швајцарски Сион направи асистенција за гол на мечот против Ксамакс на која би му позавиделе Чави, Иниеста и Крос. 19-годишниот Тома го пронајде соиграчот Ермир Ленјани преку 9 противнички фудбалери!