Доаѓаш дома од работа. Куќата е тивка и ти мислиш дека нема никој. Одиш накај спалната соба. И маж ти е таму. Ги ококоруваш очите, подзинуваш и се мислиш дали е попаметно да пуштиш глас или да се напраиш на тошо. Не. Никакво клише. Не гледа фетиш порно филмови и нема јак секс со комшиката од карши. Не. Едноставно си се дотерува. Со твоите хулахопки, твојот прслук и твоите гаќички, во твоето мини фустанче. Од глава до пети облечен во твоите алишта. И не. Не е никаква заебанција.