Таг: кристијан пулишиќ

Пулишиќ на тешки маки да одбере меѓу легенди на Милан

Кристијан Пулишиќ не го дава Кака за жива глава, ама на крај се сменија работите и стигна до феноменот.

Супер деби гол на Пулишиќ за Милан

Фудбалерите на Милан имаа сигурен старт во Серија А со 3 бода освоени против незгодната Болоња на гости. Мечот го решија Жиру и Пулишиќ. Убав гол на засилувањето од Челси кое на Сан Сиро пристигна за 22 милиони евра.

Пулишиќ не знаеше кај тера во дуел со детево

Го донесоа како еден од најголемите таленти во Шпанија за кој на Севиља и платија 25 милиони евра плус Ерик Ламела. Тоа е Брајан Хил, роден 2001-ва. Погледнете го како игра еден на еден. Скроз го измести.

Кога чекаш гол за Тим2 и тргнува сам еден на еден со голманот

Челси одигра убедлив фудбал во Шведска против Малме ама славеше само со 0-1. Можеше да биде повисок триумф ако искористеа макар една од многуте шанси. Ко на пример оваа на Пулишиќ во последна секунда од мечот.

Кристијан ај жонглирај на суво подобро

Напаѓачот на Челси, Кристијан Пулишиќ има 22 години, сосема недоволни за да си игра вака во длабокото. 

Шефе, не го викаме така, друг прекар има

Откако потпиша 18-месечен договор со Челси, Томас Тухел имаше помалку од 24 часа да ја организира екипата за мечот со Вулверхемптон кој заврши без голови. Тухел полека ги запознава играчите, а уште не го научил правиот прекар на капитенот Сезар Азпиликуета.

Кристијан, дете, што му направи?

За оние кои не слушнале, Кристијан Пулишиќ е Американец со хрватски корени. Роден е во Пенсилванија во 1998 година. Има 20 години а веќе е голема ѕвезда за која Челси му плати 64 милиони евра на Дортмунд. Кристијан е лидер на репрезентацијата на САД, носи број 10 и синоќа со два гола ги однесе Американците во финале на Голд Куп. А дриблингот што му го направи на Девон Вилијамс од Јамајка е за рипит 20 пати.

Михаел Цорк - архитектот на талентираниот Дортмунд

За најголем успех на една управа се смета доколу доведе млади, талентирани и евтини фудбалери кои во иднина ќе го носат тимот до успеси. Тоа му успеа на Михаел Цорк, спортскиот директор на Дортмунд кој ги собра најголемите таленти од Европа.