Криштоф Пјонтек од анонимен Пољак кој летово направи трансфер од Краковија во Џенова за 4 милиони евра, со ова темпо на голови се наметнува како новиот Левандовски. Со 9-те постигнати гола во стартните 7 кола во Серија А, стана прв играч после легендарниот Батистута кој беше стрелец во Италија на толку средби по ред. Пјонтек е 12 години помлад од Пандев за кој изјави дека му е идол.