Таг: кош

А си го видел ли поенот од највисока планинска точка?

Во 2018-та година на една планина во Лесото, во Африка. Дечките наводно пробувале цели 6 дена да го погодат кошот од околу 200 метри висина. И успеале после 1.544 обиди и којзнае колку дупнати топки.

Добро колку години го вежбаше шутов?

Прво дечково е фудбалер, се вика Томи Томпсон и игра во МЛС за Сан Хозе. Второ во сала не е сам, туку со Харлем Глоубтротерс. Ќе претпоставиме дека му одржале неколку часови.

Кошаркарски поен со глава

Мечот е одигран со средно школо во Алабама, а девојката на стрелецот го направила видеото во забавена варијанта. Колку што паметиме, сме немале вакош кош на сајт.

Кошот на Махковиќ не бил случаен

Видеото со чудниот кош на Блаж Махковиќ во АБА лигата против Партизан го виделе 165.000 луѓе, а играчот Олимпија денес на тренинг покажа дека тоа му е специјалност а не случајност.

Лудачки кош со една рака

На школски натпревар во САД со звукот на сирената на крајот од првото полувреме, падна ретко виден кош со една рака и тоа од едниот до другиот крај на паркетот.

Средношколска мајсторија од кош на кош

Не се работи за натпревар од НБА лигата, туку за храбро момче од американско школо на кое му требаше само еден чекор залет ладнокрвно да постигне кош кој го постигна од под својот кош, со звукот на сирената на крајот од третата четвртина.

Автокош

Европското кошаркарско првенство за жени кое пред два дена започна во Франција веднаш ни донесе клипче за објавување. Украинската кошаркарка Алешкина сосема случајно стрелаше во погрешен кош.