Ливерпул го разби малерот против Реал Мадрид кој го немаше добиено од 2009-та, од времето на Рафа Бенитез. Мбапе не искористи пенал во вториот дел, а во една контра напад, кога се чинеше дека сам ќе излезе пред голман, 21 годишниот Конор Бредли, му влезе храбро и махерски ко Паоло Малдини. Цел стадион реагираше бурно, а дуелот беше инспирација и за фоторепортерите.