Американката Коко Гоф лесно, со 6:3, 6:4 ја совлада актуелната шампионка и 4-та тенисерка на светот Наоми Осака. Коко има само 15 години а првпат учествува на Гренд Слемот во Мелбурн. Таа го воодушеви светот откако лани на Вимблдон ја урна Венус Вилијамс против која славеше победа и на овој Австралија Опен.