На денешен ден пред пет години се одигра најненормалниот натпревар во историјата на англискиот Куп. Ридинг после 35 минути игра водеше 4-0 против Арсенал, а ’Топџиите’ успеаа да се вратат на 4-4 и во продолженијата да слават 5-7. Кога завршија регуларните 90 минути на 4-4 Жиру и Кокелан мислеле дека ќе има реванш и ги фрлиле дресовите на нивните навивачи... Па си ги бараа назад да доиграат.