Јака риба на штикла петнаесет никогаш не се замислува во домаќинско сценарио, нели? Ама, ако поминете позади Дуомото во Милано, не е чудо да налетате на вашата сексуална фантазија која самоуверено влегува во еден од најлуксузните бутици и наместо со пар Маноло Бланик искача со кеса кромид и кило моркови.