Осијек важи за најпријатно изненадување во хрватскиот фудбал. Во моментов се втори на табела зад лидерот Динамо Загреб. За денес од 13 часот беше закажан мечот на Осијек со Интер Запрешиќ, но теренот на стадионот „Градски врт“ бил пренатрупан со снег па одигрувањето било под знак прашалник. На крај навивачите од групата „Кохорта“ решаваат да се фатат за лопата, па средбата се одигрува нормално и домаќинот слави 6-0.