Гледачите на средбата меѓу Баер Леверкузен и Ајнтрахт Франкфурт кога го видоа голот на домаќините за 4:1 не знаеа дали тоа е стварност или гледаат забавена снимка од претходниот гол за 3:1. Кевин Воланд е стрелецот, а Карим Белараби асистентот на два гола. Колку и да се договараат и да го вежбаат ова нема да им успее два пати. Гледате случајност каква што не се повторува.