Таг: Карлос Вела

Четири гола за кои вреди да платиш скапа карта

Американската фудбалска лига МЛС станува сè погледлива. На некои натпревари, како на пример синоќа Лос Анџелес - Филаделфија (3:3) паѓаат голови како дожд. И тоа онака баш фини голови за око.

Невидена мајсторија на Карлос Вела и финиш со лоб

Да, Ибрахимовиќ беше ѕверка во американската лига, медиумски атрактивен и плус се изнадава голови. Ама замислете дека има лик кој во МЛС е уште појак од Златан. Лани Мексиканецот Карлос Вела беше убедливо најдобар стрелец во МЛС, а сезонава ја отвори со страшен гол против клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Голов беше победнички.

Овој па на лева нога станал

Го доби градското дерби во Лос Анџелес со 5:3, ги елиминираше градските ривали во плејофот од МЛС и е нервозен само затоа што новинарот го праша што мисли за изданиeто на Карлос Вела вечерва. Што се изнервира толку Боб Бредли кој инаку е тренер ЛА, само тој знае, а Вела два гола даде.

Бие Златан, ама бие и Вела

Кога во присуство на Ибрахимовиќ во МЛС ќе постигне 34 гола, тоа значи дека Мексиканецот Вела не само што поставил нов рекорд, туку и дека ќе ја освои Златната копачка за најдобар стрелец во Америка. Карлос имаше хет-трик синоќа во триумфот на Лос Анџелес против Колорадо. 34 гола на 30 меча. Погледнете му го голот со ножички.

Нови два гола на Ибрахомовиќ во големото градско дерби на Лос Анџелес

Во големото градско дерби меѓу Лос Анџелес ФЦ и Лос Анџелес Галакси, второ во само неколку недели, паднаа 6 гола. Во центар на вниманието беше Златан Ибрахимовиќ кој даде 2 гола. На другата страна постигна гол неговиот ривал во борбата за најдобар стрелец Карлос Вела.

Карлос, сине, имај милост

Eден од подобрите мексикански напаѓачи на денешницата, Карлос Вела им се придружи на Меси и Диего Марадона во кругот на играчи кои постигнале нереален гол што долго ќе се прераскажува. Неговиот Лос Анџелес го победи Сан Хозе со 4:0, а Мексиканецот го даде третиот погодок.

Топ 5 ситуации еден на еден со голман

Карлос Вела, Хернан Креспо, Давид Виља и Роналдо во епизодата дојде да ти докажам дека немаш шанси со мене еден на еден.