Хаосот пред гол се случува во третата аргентинска лига и во еден момент глупост прави тој со број 2 покрај статива. Ја расчистува опасноста пред гол, ама со шут кон својот гол и гаѓа соиграч во рака. Судијата вели пенал. Ќе се заколеа.
На толку фудбал викендов, ќе се најде и по некој лик како голманот на Дерби, Келе Рос кој си го искомпликува својот живот и на цела екипа на мечот против Борнмут. Среќа 3:2 тепаа, инаку ќе јадеше ластици.
Ќе ви треба едно 5-6 пати да ја изгледате сценава од мечот меѓу Мехелен и Остенде и пак нема да ви биде јасно како е ова можно. Па од кафана да станеа, подобро ќе изиграа. Крајот е стварно пијана работа.
Пазете ја сценава. Еден ја брани со гради во паѓање, па вториот со кук, а потоа голманот се џитка со глава и гаѓа свој играч со топката. И тоа ова сето ова случува во судиско на гол линија. А да е само тоа. Толку е хаосот голем што на крај на видеото има објаснување до детаљи кој што правел во шеснаесет.
Потребен е доста добар режисер за да може да смисли една ваква акција како за на филм. Исто така ќе му треба и магионичар за да му направи нешто на голот. Замисли ова да му се случува во финале на ЛШ на клубот за кој навиваш?
Среќа, карамбол, зицер од два метра итн, итн. Не можеш да и најдеш НЗС на акцијава во Португалија за играчи до 23 години. Како нема еден швенг од публика да им видиме реакција.
На шашма почна, на шашма продолжи, на шашма заврши. Нема режисер кој може да го режира овој карамбол во Аргентина. Па толку беа избезумени луѓево, што во еден момент тројца од иста ќе се испотепаа за топката.
Малку е за ова да праша човек дали е карамбол на колото или сезоната. Па овде не се знае кој јаде кој пие. Фали уште да ја фати некој топката со раце и да рече доста е.
Бешикташ синоќа го окрка дома од Малме, шведскиот тим кој лани беше елиминиран од Вардар во квалификациите за ЛШ, а имаше една ситуација, типично турска која најмногу има шмек да се гледа со турски коментатор. Лудница пред гол.
Снимката е стара 30 години, како и што може да се забележи, а инаку се работи за меч од ФА Купот на кој Манчестер Сити успева некако во последните минути од мечот да даде гол. Налет голот, сепак сметаме дека е најважно е што сите се живи и здрави.
Не постои навивач на Хадерсфилд на кој не му се тресеа гаќите на Стемфорд Бриџ на 7 минути до крај. Бодот против Челси значеше и математички опстанок во Премиер лига, ама можеа за влакно да не го освојат, ако нивниот голман Јонас Лесл не ја направеше оваа чудесна одбрана по една мешаница од која глава ќе ве здоболи.
Корнер, забивање со глава, парада, петица, статива, ножички, па пак одбрана. Тоа се од прилика тие елементи кои треба да ги содржи еден карамбол, кој го имаше на мечот Хадерсфилд - Стоук.
Сите работи кои можат да се случат за да настане карамбол пред еден гол, еве ги во Словенија на мечот Цеље - Олимпија кој заврши 0:0. Имаше луда одбрана, мајагери, боксување и пречка.
Сè што треба да знаете за најшарлатанскиот гол на Јунајтед го имате во ова видео. Се работи за дуел од 91-ва одигран против Шефилд Јунајтед. На снимката го има и Гигс, а овие во одбрана не знаат кај тераат. Да не паднеше голов ќе требаше да го измислат.
Ако мислите дека сте виделе мешаница пред гол, ако не сте го гледале видеово тогаш ништо не сте виделе. 30 јануари 1988, Блекбул и Манчестер Сити се сретнаа во ФА Купот. Домаќините во последната минута изведоа слободен удар, а потоа туш.
Фудбалерите на Сантос се изнамачија да ја затресат мрежата од близу и да стигнат до израмнување, но затоа од далеку ја следеше целата кација Пјер Кок кој покажа дека послесно е од 30 метри.