Давајте потписи додека свеста живот држи, животи спасувајте, транспланирајте се. Со вашите срца, бубрези, мои, твои, сечии - живот вечен во туѓи тела обезбедете. И не се срамете. Црквата и да даде прекор, небитно е. Дали си православец, католик или муслиман, исто е. Во јатото на Свети Петар помили ќе сте. На Кузман и Дамјан другари ќе стaнете. Живот доле на земјата сте оставиле. Дарувајте рожници, срца, дробови бели, два пара бубрези... Картици донаторски отворете, живот нечиј така продолжите. Од сите крв тече, сите од мајчина утроба, излез во неизвесност бараме.