Таг: како се калеше

Како се калеше иглуто

Застануваш кај што има снег. Секаде има. Почнуваш да сечеш блокови. Ги редиш во круг, еден над друг. Знаеш како, и ти успева затоа што си Еским и цел живот сечеш блокови и ги редиш во круг. Оп, иглу.

Мирот во правење столица

Или ние немаме видено или стварно нема нервозен дрводелец. Ако случајно сме во право и сме уденале дека ова второво е точно, тогаш со подеднакво издржана логика заклучуваме дека мирот им следува по основа на тоа што произведуваат нешто со сопствени раце, и тоа што никој не му се качува на глава на човек со секира во рака. Без разлика колку е ова неточно, едно крајно зен видео за целиот процес на правење стол сред шума. Цел, од стебло до столица.

Ножевите од метеор

Ако до сега не сте знаеле дека сакате нож од метеор, Бордејн ќе се погрижи ова инстантно да ви се најде на листа. Боб Крамер е еден од само 122 мајстори изработувачи на ножеви сертификуван од Американското друштво за сечила, и единствен од нив кој специјализира во ножеви за готвачи. Ножевите ги прави од стопен метеор. Бордејн е кај него да го гледа.

Како се калеше мајсторот

Џејк Вејдман е еден од само 12-те луѓе во светот со титула "Master Penman". Вејдман е речиси 3 децении помлад од останатите 11. "Кога луѓето ќе ми кажат - правиш ова да изгледа толку лесно, си мислам - ти не беше со мене кога бев буден до 4:30 наутро и работев на ова. Луѓето обично го гледаат крајниот резултат, ама не го сфаќаат трудот што е потребен за ова."

Како се калеше часовникот - Patek Philippe Grandmaster Chime 5175R

Часовникот од 2,5 милиони долари, изработено по повод 175-годишнината на Патек Филип.