Мамицата... Поминаа триесе и кусур години како мојот Дедо Маршал Тито пат под нога отиде да лови стаљињисти по шумама и горама, а ја никако да престанам да си го барам дедето назад. Ем го барам него, а ем и она што никој после него не го спозна како алатка за управување на широки народни маси. На никој не му текна дека територија, а и тоа во неа не се управува брзопотезно. На никој не му текна да поседува нешто што се вика трпение. Тоа беше на Тито браварскиот клуч што дваесе и два милиони срца отвара, а по потреба богами и затвора.