Македонската женска ракометарна репрезентација одигра нерешено против Турција (25:25) во второто коло од Европското првенство. И тоа е практично нивен прв бод на едно ЕП по пауза од 16 години. Јована Мицевска запиша 7 интервенции од кои најважната во самиот финиш.