Таг: јелена остапенко

Девојче, не си ти за дубл, батали

Во нецела недела, Летонката Јелена Остапенко (22) направи 3 глупости при сервис. Прво во женски дубл намерно ѝ сервираше директно во тело на Ализ Корне, а во меѓувреме во мешани двојки, два пати му ја скрши главата на партнерот Роберт Линдштед од Шведска со удари над 120 км/час.

Најбезобразниот сервис во женска конкуренција на Вимблдон

На еден дубл во женска категорија меѓу Јелена Остапенко и Вероника Кудерметова против Ализ Корне и Петра Мартиќ, онаа најпрвата именувава сервираше директно и намерно во Французинката, освои поен и се смешкаше ко ништо да не било. Ама џабе тој покварен сервис, на крајот Корне и Мартиќ славеа со 4:6; 6:4; 6:3.