За вакви моменти макотрпно тренираат, се лишат од многу задоволства, прават жртви и едноставно водат спортски живот. На митингот во Дијамантската лига во Париз, Украинката Јарослава Махучик прескокна 210 сантиметри и го сруши рекордот на Стефанка Костадинова која во Рим 1987 прескокна 209 сантиметри, за испишување нова историја во оваа атлетска дисциплина. Во скос со стап светски рекорд и натаму е оној на Русинката Јелена Исинбаева од 5.06 метри, остварен во Цирих 2009.