Таг: јан зомер

Како тренира јунакот кој и спречи финале на Барса во ЛШ?

Јан Зомер на 36 години доживува втора младост. Погледнете со какви топки, односно топчиња му изгледа еден тренинг.

Зомер: Одбраната против Јамал ми е една од најважните во кариера

„Видовме многу ситуации со Јамал пред овој двомеч дека шутира на втора статива. Забележав дека во второ полувреме постојано инстистира на втора, ама потоа шутна и на прва. Тешко е да го прочиташ“, вели Јан Зомер кој им го урна сонот на каталонците да играат финале.

Коментаторот се шекна на нереалната одбрана на Зомер

Тешко се сумира вакво утакмичиште во едно видео или текст. Историјата веројатно и не памети двобој со два меча кои завршиле 3:3 во регуларен дел. Ако треба да се избере јунак на Интер, тоа сигурно е Јан Зомер. 36 годишниот Швајцарец правеше чуда на голот. Можеби ова е најголемото, кога сите ја видоа топката во гол. Слушнете го како врисна вториот коментатор. Ракија му ставале на грлото пред спиење.

Зомер подиве на гол

Јан Зомер и Марко Карнесеки се виновници што на дуелот Интер - Аталанта од Супер Купот паднаа само два гола синоќа. Бележиме фантастични интервенции и на двајцата голмани, кои спречија чисти голови.

Јан Зомер одлепи против Баерн со невидени 19 одбрани

Ако не ви е јасно зошто Баерн Минхен не успеа да ја победи дома Борусија Менхенгладбах, па дури и се вадеше 1:1 со голот на Мане на 7 минути до крај, тогаш погледне што чуда на гол им правеше Зомер. Според порталот Who Scores, во Бундеслигата и општо во топ 5 лигите во Европа, немало до сега голман со 19 интервенции откако ОПТА се занимава со статистика од 2009-та.