А, вие кои ме прашавте на мејл дали е Ива циганка, подобри ли луѓе станавте?
Двегодишната Ива почина во тешки маки, македонски. А можеби и ничии. Таа на овој свет, ниту жива не постоеше. Немаше извод, книшка и матичен број. Откако смрзната и со песок во носето ја најдоа во корито вкочанета, некој се сети да истражува.