После пауза од пет години, во Градски парк, кој е во ново руво, повторно се играше кошарка. Заигра македонската репрезентација против Луксембург во претквалификациите за Европското првенство 2029 и победи 79-70. Нашиот национален тим направи кам бек во култната сала после 20 години. Првите поени ги запиша Итан Хап и тоа атрактивно со забивање по само 16 секунди игра, на асистенција на Марин Петков.