Таг: италија; балканштина; маж; италијански мажи; мода;

Кој е маж нека крене рака!

Идејата за италијанските мажи, што пред осум години ја понесов со себе во куфер, беше украдена од секаде: малку од модните списанија, малку од никобуџетните серии и филмови, малку од оние стари маалски приказни: висок, црномурест, со неправилен нос, со малку виткана коса, малку забраден, прекрасно облечен со сјајно бела насмевка, мајстор за жени, романтичен и беспрекорен. Денес оваа идеја остана само тоа - исечок од списание и сцена од филм, зашто типичните Италијанци се многу поинакви. И скраја да е да ти се погоди некој таков.