Таг: индиски фудбал

Индиска одбрана на денот

Коментаторот вели дека ова е одбрана на сезоната, ама нејасно е за која зборува, бидејќи овде гледаме вкупно четири од кои три на голманот. Да не постоеше, требаше да го измислиме крајот на акцијава. Замисли ова да го гледаш во живо и да чекаш гол за добивка?

Индиски коментатор кој со описот оди до крај

Коментира на англиски со индиски акцент, на крај за „wow“ вели вау, а за незгодно повредениот играч оди со следниов коментар: Не само што сам се жртвуваше во акцијата, туку си ги жртвуваше и идните генерации. Замислете Светско да му дадеа да коментира?

Драма при врзување врвки на маалски фудбал во Индија

Ајде бе да играме, што си легнал на земја? Еве, да пројде глупачава и доаѓам. Жив сум.

Колективен срам, четворица ги прати по бурек со месо, јогурт, цигари и блачко

А потоа не даде гол, туку имаше друго елегантно решение.

Индија може слободно да го затвори конкурсот за гол во 2022-ра

Наградата за гол на годината на момаков, да му ја врачи лично и персонално Жунињо. Бразилецот е синоним за изведување велемајсторски „сув лист“ удари, ама ова е нешто посебно. Како ли успеа толку високо да одлета топката и да падне во гол? Прегоре коментаторот.

Слободниот удар за 2021-ва ни доаѓа од Индија

Мајсторот се вика Грег Стјуарт, а во септември годинава направи трансфер од Ренџерс во Џамшедпур. Од кај го извади бе фелшов младичу?

Во Индија ти да видиш како се завршува контра

Остајте ме сам ќе ја завршам. И ја заврши како никој до сега. Генијалец.

Во Индија да видите какви лобови паѓаат

Дипак Кумар Рајак го нема со фотка на Гугл, ниту на Википедија, а Трансфермаркт вели е роден 2000-та и дека игра во Индија како лево крило. Голов му е како да ви кажеме, Алекс Дел Пјеро во најјаки дани или Лоренцо Инсиње, како сакате. И тоа во судиско го даде за победа.

Тешка индиска будалаштина

Луис Суарез престана да гризе, ама сега во Индија почнаа и тоа не рамо или врат како што правеше Уругваецот. Овој е бетер.

Златан од Индија

Додуше Ибрахимовиќ ја офука за Шведска надвор од шеснаесет, ама па ова за индискиот фудбал е најјак гол на сезоната, па и јаче.

Индиска офсајд замка

Дава гол и му мавта на судијата демек немало офсајд, а тоа шест души во недозволена позиција. Тактиката во одбрана е јасна. Кога ќе земе залет да ја изведе одиме сите на јуриш.

Последниот гол во професионалната кариера на Дел Пјеро

Во август 2014-та Алекс Дел Пјеро потпиша краткорочен договор со индискиот клуб Делхи Динамос каде во тоа време беше и неговиот другар. Давид Трезеге. Алесандро одигра 10 меча за Делхи и во декември 2014-та постигна еден гол - во негов стил. Тоа беше воедно и последен погодок во профи кариерата на фудбалскиот Моцарт.

Индиски тата-мата кандидат за гол на годината

На дуелот меѓу Индијан Ароус и Шилонг Лаџонг во индиската втора лига, фудбалерот на домаќините Наорем во 86’ минута од мечот постигна чудесен гол за 2-0.

Во Индија не бил баш тапа фудбалот

Индија во 2013-та ја оформи таканаречената Супер лига со 8 екипи и со тоа го живна фудбалот во оваа земја каде тренери се Матераци и Ѕамброта, а претходно беа Роберто Карлос и Ањелка. Од фудбалерите најзвучни имиња се Диего Форлан, Мохамед Сисоко, Постига и Малуда. Секој клуб има обврска во состав да има по минимум 8 странци. Според видеово навистина се живнати.