Во пресрет на новата ракометна сезона, во најдобрите македонски клубови кои ќе се борат за врвот: Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер веќе има неколку хрватски ракометари. Македонија како да е ветена земја за хрватскиот ракомет затоа што овде продефилираа и уште играат врвни ракометари и тренери. Игор Карачиќ, Лука Циндриќ, Иван Чупиќ, Златко Хорват, Лино Червар, Жељко Бабиќ и многу други.