Пред шест месеци, кошаркарскиот клуб Сплит организирал наградна игра - 1.000 ќебапи и 100 литри пиво за погоден кош од едниот на другиот крај на теренот и 500 ќебапи и 50 литри пиво за кош од центар. Како никој не погодил, наградата се зголемувала, па извесен Петар Гавранчиќ станал мајсторот кој дал кош и освоил 1.200 ќебапи и 120 литри пиво.