Ансамбл Александров е официјалниот армиски хор на руските вооружени сили. Формиран е за време на СССР, а составен е од машки хор, оркестар и танцова група. Името го носи по својот прв диригент, Александар Василевич Александров. На 25 декември 64 члена на ансамблот загинаа во авионска несреќа на пат кон Латакија, каде што требаше да настапат пред руските вооружени сили во Сирија.