На концертот на Дамир Имамовиќ во Скопје оддржан вчера (25.05), тој како автор на стиховите на една од песните го наведе, ни помалку ни повеќе, туку славниот германски поет Хајнрих Хајне! Потоа почна да ја свири „Азра“ (Крај танана шадрвана), на изненадување на мнозинството во салата, на кое ни на крај памет до сега не му било дека таа не е „асли“ босанска. Која е приказната за оваа песна?