Таг: голчиште

Кандидат за гол на годината во режија на Вардар

Во вторникот беше тешко да се реши човек кој од трите бомби на Јувентус, Монако и Копенхаген е најубав за око. Но од спортската среда ќе го издвоиме оној од нашата лига од мечот Вардар - Пелистер 1:1. Фелипе и Којашевиќ најверојатно ова го вежбале на тренинг.

Станковиќ јуниор цел на тато

Стефан Станковиќ има 16 години, тренира во Интер и доби повик од кадетската репрезентација на Србија. Ако по ова голчиште се мери неговиот квалитет, тогаш Дејан Станковиќ може да се гордее со најстариот од тројцата синови.

И вака можело

Имаш ситуација на празен гол бидејќи си го минал голманот и кога мислите дека детево си го искомплицира животот што не шутна одма, ќе ве изненади.

Најлудиот гол кој не требаше да го поништат

Во младинско првенство во САД падна гол со примеси на гимнастика кој веројатно нема да се повтори и за кој не беше свесен што направи ниту стрелецот. Изледа и судиите се збунија па од нигде никаде се решија офсајд да досудат.

Пак да браниш на 20 метри пред гол

Грција ја совлада Австралија на гости со 2:1 на пријателски натпревар, а Бекам апетити на мечот имаше бекот Јанис Маниатис кој игра за Олимпијакос. На голот беше Адам Федеричи од Бурнемут.

Савески го разбуди коментаторот со гол од 30 метри

Голчишта паѓаат и во општинските лиги во Македонија, само треба некој да ги сними и да ги пушти во етер. Таков еден падна во Тетово, а го постигна Дејан Савески кој игра за Љуботен, најстариот македонски клуб на мечот со Желино.

Пушкаш награда треба да има и за деца

Кога ќе се направи една компилација со деца кои би ги виделе што знаат со топка на 7 години и на крајот се стесни изборот на топ 5 или топ 3 голови сигурно дека некој ваков креативен ум кој оди во прво одделение на крај ќе заслужи да добие награда.

Се повтори голот на Дејан Станковиќ

Даун Макет кој игра за португалскиот третолигаш Бареиренсе го искористи излегувањето на голманот ја опали од пола терен и не потсети на голот на Станковиќ против Шалке во Лига на шампиони.

Најфраерски, без да тапне

На децава од Ливерпул треба да им дадат бонуси за ова. Едниот му дава долга топка од над 50 метри, другиот ја штопува на гради, не дава ни да му тапне и ја лупа во гол.

Гол на колото во Премиер лига

Детево има само 19 години и неполни 6 месеци стаж во Премиер лигата, а од денеска станува кандидат со голчиште за најавните шпици. Го постигна фудбалерот на Тотенхем, Дели Али на гостувањето против Кристал Палас кое заврши 1:3.

Идната ѕвезда во Серија А ја има Каљари

Федерико Сера, 97-мо годиште се соочи со неколку играчи на Верона Примавера кои ќе имаат трауми од ова што им го направи.

Бомба на колото

Еманули Папастерианос од Ксанти го има проектилот на колото кој го постигна во грчкиот фудбалски шампионат против Панетоликос.

Што може аматер од 50 метри во 112 минута?

Арсенал и Челси не се единствените што јадеа шамари во куп натпреварите. Второлигашот Дордрехт од Холандија е елиминиран од аматерска екипа која славеше со голчиште во 112 минута и обезбеди пласман во осминафиналето од холандскиот куп.

Во Словачка Бразилците со лежење даваат голови

Само што ќе го наречете тромав или глумец, напаѓачот на Жилина, Вилијам Алвес де Оливеира ќе ве демантира и ќе направи нешто необично за фудбалот кое тешко дека ќе се повтори на ист ваков начин.

Што прави Палестинец за 22 секунди?

Басам Армали влезе во 85 минута при резултат 0:0, а останатото ќе си го видите.

Голмански слалом на денот

Голманот на Сао Паоло, Рожерио Сени кој има постигнато 131 гол, има нов предизвик кој се вика Лаурент Монде и неговиот гол од 1989 година. 

Проектил ала Роберто Карлос

Мислевме дека ова е листата на голчишта од викендов која треба задолжително да ја погледнете, ама не сме го ставиле главниот топовски удар. Тијаго Карлето од Ботафого заслужува чиста 10-та за ова чудо.

Лоб од слободен удар на американски начин

Ваков гол во американската четврта фудбалска лига не виделе ни фудбалерите, ни публиката, ниту коментаторите кои реагираа како Џордан да ја закуцал врз Шекил.

Даниела во стилот на Хамес Родригез

Родригез го доби признанието за најдобар гол на Мундијалот во Бразил, а за истата награда за Светското првенство за жени кое се одржува во Канада, конкурира неговата сонародничка Даниела Монтоја која постигна слично голчиште против Мексико.

Малта има свој Меси

Алфред Ефионг, репрезентативец на Малта кој игра во домашната лига ја прими на своја половина, истрча како Болт и потоа ја опали во агол каде голманот не ја брани. 

Нова аматерска бомба

Унгарецот пред некој ден се залета како Роберто Карлос и ја прати во агол. Касио Фелипе - Касињо од Шпанија денеска го повтори истото.

Роберто Карлос бомба на аматерски меч

Јунаков кој го збибери проектилов е од Унгарија, а слушнете какво драње дадоа тие што го видоа ова во живо.

Следниот пат пробај од гол на гол

Парагваецот Ернесто Кристалдо испрати топовски удар од преку 40 метри кој џабе ќе беше да го бранеа и Буфон, Нојер и Касиљас заедно. Тој игра за боливискиот клуб кој се вика The Strongest.

Голчиште кое не го бранат ни двајца голмани

Најдобриот нишан од 40 метри овие денови го има Романецот Мариус Михалаче чиј гол слободно може да го прогласиме за најатрактивен на неделата.