Иако се поминати 35 години, сепак антологискиот гол на Марадона со таканаречената „божја рака“ оставил трага, па и кај деца кои не ни биле тогаш родени, туку само го виделе на Јутјуб. Наполи У-16 израмни против Рома У-16 на 2:2, а коментаторот од клупскиот канал на римјаните 100 пати повтори дека е со рака и дека ова не е одбојка за да му го признаат.