Ние постарите ја паметиме петицата на Манчини во Лацио, како и на Ѕола во Челси. Само на Ибра му успеваа вакви велемајстории повеќе од еднаш во кариерата, друг не паметиме. Ќеифот на душата си го направи Херемиас Николас Луко, кој е член на аргентинскиот прволигаш Атлетико Белграно. 2005-та е роден малиот. Мераци од гол.
27 гола паднаа вечерва во Лига на шампиони. Секоја чест за слободните удари и општо голчиштата од далеку, ама овој пат признанието за гол на вечерта оди без конкуренција кај Гнабри.
Анталијаспор му извади реми 2:2 на Галатасарај во судиско, а Адис Јаховиќ овој пат не беше меѓу стрелците. Па немаше да се помират домаќините ако не влезеше еден од овие три обиди. И тоа на крај уште и атрактивно во изведба на аргентинецот Густаво Бланко.
Белорусите стасаа до над 15.000 случаи на коронавирус и 97 мртви, ама и до 7. коло од првата фудбалска лига. Динамо Минск загуби дома од Слутск, а потегот на мечот и колото, го направи извесен Абдул Гафар
Од толку многу мајстории што викендов, што изминатиот, човек и да сака не може сè да пофати. Мајсторијата на Луис Суарез предминатото коло против Мајорка се повтори и ова коло, а стрелец е Емануел Денис од Клуб Бриж.
Хрватскиот репрезентативец Марио Пашалиќ постигна два гола на мечот Бреша - Аталанта 0:3. Првиот е брз шах - мат потег кој може да ви избега од вид ако трепнете. Петица без да гледа, ама кроз нозе.
Нема потреба Русите повеќе да зборуваат за гол на сезоната, бидејќи секој гол после оваа мајсторија е навреда ако го прогласат. Им се случи во втора лига од страна на извезен Сергеев. Па како само го изведе ова не ни е јасно? Кај потегот, па уште и безобразно лобче му стегна на голманот.
Ти ги мислиш се собрале рекреативно на фудбалче, а тоа 9-ката да ти криел лудачки Рикардињо и Фалкао амбиции во себе. Едно 10 пати на рипит, инаку исто како да не сте го гледале.
Ван Ројен ниту го знаеме ниту сме го чуле бидејќи игра во холандија втора лига за тимот на Јонг Утрехт. Погледнете му реакција на малиот во шеснаесетник. Има само 20 години.
Мислевме дека вакви страшни мангупарии има само на футсал, ама го запознавме Ихор Жураковски од естонскиот второлигаш Левадиа Талин и ни разјасни некои работи. Капа доле дечко, ниту Меси, ниту Роналдо, само Ихор може вака.
Ливерпул го декласираше Ватфорд со 5:0 и се брка со Сити на еден бод. Голот на колото, месецот, а и еден од најубавите на сезоната е дело на Мане кој синоќа постигна два.
Детево се вика Бартош, Пољак е и направи потег кој не го можат ни светски играчи во сениорска конкуренција. Добро што е со ова Пољациве? Па уште не го слави голот, демек ова ми е работа, а магија направи.
Еден од најатрактивните голови на вечерашните нокаут средби од Лига Европа, дефинитивно е оној на Оливие Жиру кој во 58-ма минута зголеми на 0:2 за Челси на гостувањето против Малме.