Најомилениот фудбалер на Жозе Мурињо против Кристал Палас на гости на „Селхарст Парк“ даде страшен гол од 30-ина метри. Тоа е и официјално најубавиот погодок на Манчестер Јунајтед сезонава.
Во словенечкото првенство, Рудар од Велење со 4-2 ја декласираше Олимпија Љубљана, а третиот гол на мечот кој го даде младиот Марко Ихарош веројатно ќе биде прогласен за гол на сезоната во Словенија.
Клаудио Пизаро, легендарниот перуански фудбалер на Вердер Бремен сезонава го постигна 100-от гол во зелениот дрес. Еден од погодоците сезонава беше прогласен за најубав во Бундеслигата.