Германскиот кошаркарски клуб Кемниц Најнерс, каде што како помошник-тренер работи македонскиот стратег Ѓорѓи Кочов, привлече големо внимание во јавноста со својот господски потег за време на гостувањето во Подгорица против Будуќност во рамките на Еврокупот. Гостите имаа поддршка од само еден навивач кој неуморно сам го бодреше својот клуб на трибините во текот на целиот натпревар. На крајот го загубија мечот, но сите до еден од играчи до стручен штаб му се заблагодарија за поддршката.