На 18. март 2006 година, некаде на почетокот на Јадранската Goodyear лига, белградска Црвена звезда чиј дрес го носеше и денес пак го носи Перо Антиќ, го пречека словенечкиот Геоплин Слован. Црвено-белите славеа 85-82 а Перо Антиќ имаше дабл-дабл учинок со 17 поени и 12 скока. За противничкиот тим татко му на Лука Дончиќ, Саша постигна 17 поени а најдобриот европски кошаркар во моментов Горан Драгиќ даде 14 поени. Интересно, тренер на словенечкиот тим таа сезона беше Алеш Пипан.