Коњаспор обезбеди место во финалето на Купот на Турција, откако го сруши Бешикташ на гости со 0:1. Јунак е Енис Барди, кој го замолкна Истанбул во 98 минута. За трофејот ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Генчлербирлиги и Трабзонспор.