Не дека е добро што во Радовиш нема каде да тренира или можеби има некоја послаба понуда, како и тоа што не му се овозможува редовен превоз, сепак тука е многу битна желбата. Браво бе дете.
Класниот раководител да има посебен третман за детево и да го ослободува од часови кога и да посака. Значи никако замарање со хемија, физика или биологија. На детево му треба само топка, бидејќи планира да биде Дејвид Бекам или Жунињо.
Со лева ја прими (ама внимавајте само како ја прими) и со лева ја даде. Ова не е талент, туку талентиште. Изведбава е неверојатна како за негова возраст. И уште ова: Не му ни тапна.